Собир за поддршка на адвокатот Тони Менкиноски е најавен за денеска во 18 часот. Менкиноски доби пријава затоа што го развеа знамето со сонцето од Кутлеш во Охрид во знак на поддршка на уставобранителите на 27 април годинава.
Процесот против него се води по пријава од СВР Охрид од каде што тврдеа дека наредбата за прогон на Менкиноски е дојдена од кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Менкиноски е адвокат кој без пари со години ги брани Македонците од Бугарија во Стразбур каде учествувал во 16 пресуди против Бугарија.