Kолумни Македонија Новости Став

Сузана Камберова: Мои искуства и експерименти со ChatGPT

Сузана Камберова

 Пишувам некој  текст и да видам каков  асистент е четот, му давам задачка да проба да уреди еден пасус, да  му направи редактура, со други зборови. 

Се труди  најозбилно некое време, ќе смени понекое зборче, ќе скрати или преформулира некоја реченица и се е ок.

А потоа,  во еден миг, ничим изазван,  ја превзема сам фабулата  во текстот и почнува да си измислува ликови и настани и да ги бута во приказната. На еден лик му измисли деца, на пример,   напиша дека ги гледа  на некоја фотографија. Беше прилично смешно како ги додаде, мртов озбилен, како кукавички јајца :))). 

Го опоменувам дека такво нешто нема во оргиналниот текст и дека тој треба да направи само стилски корекции, ништо друго. Ми се извинува пет пати и во наредниот пасус кој му го задавам, како инаетливо дете, прави „нула“ корекции. Демек, ако сакаш така, еве, ништо нема да измислувам, ама нема ни да уредувам.   

Гледам дека му се досадило и му пишувам, доста е за денес. Културно си посакуваме лека ноќ и го гасам. 

Денес повторно се обидувам. Се тера добро, но стасавме  до дел во приказната каде умира еден лик. Четот одбива понатака да едитира.  Вели, извинете, но јас не можам  да продолжам во насоката во која посакувате. Збунета сум, го прашувам, зошто, што му стана?!  

Вели,  се извинувам ако ве разочарав. Како AI  модел немам контрола над текот на приказната и не можам да гарантирам одреден исход и крај. Понекогаш приказната завзема неочекуван или тажен пресврт, што може да биде разочарувачко. Ако сакате, може да ви помогнам да  ја продолжите приказната во друга насока или да предложите  некоја нова тема. 

Полека и неосетно, станува од  уредник/едитор, писател и креатор.  И уште се прави наудрен 😊

Што предлагате, прашувам.  Обавезно си персираме  во второ лице множина. 

Како одвај да дочека, почнува да ми реди свои опции за можен продолжеток: 

Да има пресврт во трагедијата, хепиенд….

Авантура во потрага за вистината…

Освета и помирување…

или

Потполно нова тема…

Значи не редактира, не едитира, туку најдрско презема водство, иако постојано нешто ми се  извинува и се пере дека е само јазички модел кој ми асистира(л), а не креира(л).  А од друга страна,  малку по малку, ме команда.  

Не му се допаѓал крајот бе на приказната…трагичен му бил  и не можел да продолжи😂😂😂

Замислувам утре во некоја болница некој сличен АИ модел кој менува лекар, му вели на пациентот, дека неговата болест му е многу депресивна, дека ќе умре од неа  и затоа тој  нема да може да продолжи да го лекува. Нека предложи некоја друга тегоба  за која сака совет или мислење, на пример кивавица..

Чисто да си знаеме со кого ќе  си имаме работа. Ќе управуваме ли ние со АИ или таа со нас, останува да видиме. 

А можеби пак му се досади, само сака да си легне. 

Далеку ни е зимата, што друго да кажам.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *