Македонија Новости Топ Вести

ДУИ го дава Ковачевски, Ковачевски не го дава ДУИ

Вчерашната лидерска средба помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Димитар Ковачевски заврши неуспешно. Очигледно е дека бизнис интересите на Ковачевски со Речица се во преден план отколку националните интереси на државата.

По завршување на лидерската средба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека уставни измени под овие околности нема да има бидејќи прво треба да се прифатат и трите параметри кои ВМРО-ДПМНЕ ги понуди на маса на лидерската средба. Но, исто така беше понудено и од страна на премиерот Димитар Ковачевски пет ресори на ВМРО-ДПМНЕ, т.е. формирање на т.н. широка Влада за национално единство.

ВМРО-ДПМНЕ, односно претседателот Мицкоски предложи да има Влада но без ДУИ. На ова Ковачевски на изјавата за медиуми посочи дека според него оваа Влада треба да биде Влада на обединување, а не Влада на дестабилизација, односно Влада без ДУИ не може.

„На оваа понуда која што претставува позиција на Димитар Ковачевски од моја страна беше даден следниот одговор, во ред ја разбирам понудата и за истата го имам следниот став, ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии но без учество во истата Влада на Демократската унија за интеграција. ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да учествува во истата со тоа што избори подготвува техничка Влада, не оваа Влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. А, евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот Протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки“, истакна вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ковачевски на предлогот на Мицкоски за формирање на Влада без ДУИ посочил дека ДУИ треба да остане во Влада.

„Тој сметаше дека некои партии не треба да бидат дел од Владата, други треба да влезат. Сметам дека нам како Влада ни треба широко обединување на сите. Целите ви ги кажав – уставни измени, завршување на уставните измени, скрининг-процесот, отворање поглавја, затворање едно или две поглавја, па избори во согласност со законот. Затоа сметам дека тоа ќе биде Влада на обединување, европска интеграција, а не Влада на дестабилизација“, додаде Ковачевски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *