Македонија Новости Топ Вести

Маричиќ не одбива коалиција на СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ ако има уставни измени?!

Нашата цел е да се залагаме што побрзо да влеземе во ЕУ, вели заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој одговараше на новинарско прашање, како го оценува оптимизмот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека за три до четири години нашата земја ќе влезе во ЕУ.

-Ние ги започнавме преговорите минатата година, тие во просек траат четири до пет години. Така што тоа толку и не е неостварливо, ако работиме од двете страни, секако дека мораме да бидеме оптимисти, но и реални. Владата зацрта цел до 2030 година, да стане членка на ЕУ. Три-четири е многу скоро, но за три-четири години можеме да се поместиме многу во преговорите со ЕУ, доколку работиме и се разбира доколку ЕУ зацрта една агенда, тие три-четири години бидат искористени максимално и ќе бидеме неповратно ќе бидеме отидени брзо кон членство, вели Маричиќ.

Прашан што на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе му биде понудено на маса на лидерската средба со Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и воедно претседател на Владата на Република Македонија, Маричиќ рече дека не може да одговори, бидејќи станува збор за лидерска средба и не може да говори во името на премиерот, Ковачевски.

-Очекувам да бидат поставени сите прашања со уставните измени, да се разговара околу самиот текст и околу процесот како да се изведат тие најбрзо и наједноставно со цел да ги продолжиме преговорите и да ја отстраниме евентуалната блокада. Мислам дека само дијалогот е најдоброто решение и пред да започне процедурата во Собрание, логично е да седнат лидерите на најголемите политички партии, да поразговараат. Владата ќе биде конструктивна и секогаш ќе биде конструктивна, вели Маричиќ.

Посочи дека она што е важно е опозицијата да ја сфати својата одговорност во носењето на овие одлуки.

-Тие ја пропуштија таа шанса за НАТО, за Преспанскиот договор, не треба, еве им се дава прилика да не ја пропуштат овој пат, со тоа што овој пат текстот, содржините на измените е далеку, далеку, да речеме е со помала тежина и предизвикува помали проблеми, во однос на тоа што било претходно, рече Маричиќ.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *