Апасиев: Да бидеме реални, д-р Јовев е разрешен затоа што е Македонец
Пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев, смета дека директорот на Кардиохирургија бил разрешен по етничка основа, односно дека е Македонец.
Разрешувањето на д-р Сашко Јовев деновиве е главна тема во државава, а неговата преписка со министерот за здравство, Фатмир Меџити, ја коментираат сите.
Членот на Президиумот на Левица и пратеник во македонското собрание од оваа партија, професорот по римско право Димитар Апасиев, излезе со став дека смената на директорот Јовев има и етничка позадина.
„Ај да бидеме реални. Доктор Јовев е разрешен и затоа што е Македонец. Да беше по Рамковен, никој немаше да го пипа“, рече Апасиев во објава на Facebook.
https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FApasievLevica%2Fposts%2F725047942754756&show_text=true&width=500
За денеска е најавено обраќање на министерот Меџити на кое ќе ги објасни причините за разрешувањето на д-р Јовев.