Македонија Новости Топ Вести

Дваесет и една година од основањето на ДУИ – раководството и фракцијата ќе го одбележат на одделни настани

Додека раководството на ДУИ организира панел-дискусија во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, Фракцијата на Демократската унија за интеграција 21-годишнината од формирањето на партијата ќе го одбележи со настан во Центарот за култура во Тетово

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одбележува 21 година од своето основање.

Но, раководството на партијата и Фракцијата на ДУИ преку писмени соопштенија до медиумите најавија дека денот ќе го одбележат на различни настани, во различни градови во земјава.

Раководството на ДУИ, на чело со лидерот Али Ахмети, организира панел-дискусија во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На панел-дебатата на тема „Европски фронт”, меѓу останатите, ќе се обратат и самиот Ахмети, поранешнта министерка за одбрана Радмила Шекеринска, политичкиот аналитичар Петар Арсовски, новинарот Газменд Ајдини, ексградоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи и други.

„По дебатата, во 14:00 часот, исто така во хотел ‘Александар Палас’, г-дин Ахмети ќе им се обрати на членовите на партијата на пригоден коктел по повод 21. роденден на ДУИ“,соопштија од партијата.

Паралелно на овој во Скопје, во 14:00 часот Фракцијата на ДУИ ќе одржи настан во Центарот за култура во Тетово, по повод одбележување на 21-годишнината на ДУИ.

Т.н. „огнена група“ од ДУИ објави дека ќе функционира како Фракција на 6 април годинава.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *