Македонија Новости Топ Вести

Мицкоски: Не ни треба лидерска за ПР, туку суштинска средба за што да се прави откако ќе пропаднат уставните измени

Не е суштината форматот, суштината е што ќе биде резултатот од евентуална лидерска средба.Првата би рекол неофицијална понуда од страна на луѓето и кабинетот на Ковачевски беше да биде лидерска средба односно претседателите на двете партии да седнат и да разговараат. Она кое што од моја страна беше кажано е доколку има лидерска средба од која што ќе имаме некаков резултат, од таа лидерска средба имаме две можни опции. Едната опција е таа која што ја застапува владата односно Димитар Ковачевски, а тоа е влегуваме во еден критичен период за државата, тие влегуваат со процес со уставни измени во Парламентот. Ние велиме тој процес нема да го поддржиме и според бројките очигледно нема да успеат. Така што втората опција е тој процес да не успее. Како одговорни луѓе кои што треба во овие одлучувачки моменти за државата да носат одлуки кои што ќе значат иднина за Македонија треба да ги разгледуваме и двете опции. Тоа е првата опција и да донесеме заклучок, првата опција е јасен заклучокот се знае отприлика сценариото ако успее тоа што ќе се случува, но да видиме што ќе се случува со втората опција ако не успее, рече претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат М во врска со лидерска средба за која се уште нема добиено официјална покана.

Мицкоски во текот на своето гостување во врска со лидерската средба посочи дека потребно е да има лидерска средба од која ќе има некаков заклучок, а не лидерска само за ПР.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *