Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ после средбите со европратениците од Европскиот Парламент преку видеообраќање испрати порака дека ЕУ има план за Македонија и регионот и дека со заедничка акција на сите политички субјекти треба до 2030 да ја валоризираме шансата којашто ни е дадена.
Имаме многу поддржувачи и искрени пријатели во европските институции, меѓу кои и во Европскиот парламент. После средбите со европратениците од различни парламентарни групи ја пренесувам пораката дека јасна е визијата за проширување на ЕУ, и дека европратениците и понатаму ќе бидат гласни за забрзување на интеграцијата на Македонија и регионот во ЕУ рече меѓу другото Маричиќ во своето обраќање