Македонија Новости Топ Вести

СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ, препукувањата продолжуваат

Димитар Ковачевски повика политичките партии и пратениците да ја препознаат важноста на одлуката пред која се исправени. Тој истакна дека во наредниот период ќе ги предводи одлуките кои како што рече, значат продолжување на евроинтегративниот пат.

„Испраќам порака и повик за сплотеност, за заедништво, обединување и издигнување над нашите политички и идеолошки разлики“, рече Ковачевски.

Токму во рацете на Ковачевски сега се наоѓаат предлог-амандманите за уставни измени кои во петокот ги формулираше работната група. Но, засега е неизвесно кога Владата ќе ги испрати во Собранието. Најпрвин тие треба да бидат усвоени на владина седница. Таква седница ќе се одржи утре, но нема потврда дали ова прашање ќе се најде на дневен ред пред министрите. Откако би се усвоиле, потоа автоматски предлог-амандмани би се нашле пред пратениците. Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Ковачевски што поскоро да го достави предлогот во Собранието, а од СДСМ очекуваат процесот на уставни измени во Собранието да стартува на почетокот на летниот период, без да прецизираат кога.

„Димитар Ковачевски ден поскоро да го достави на гласање во Парламентот прашањето за уставни измени, да се види дека нема мнозинство и да се распишат избори“, рече Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Време е за глас за Европа во македонското Собрание за да продолжи европскиот пат на државата. Исклучително е важно тоа да се случи до крајот на оваа календарска година, а наредната година секако и така е изборна година“, рече Дарко Каевски – портпарол на СДСМ.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *