Култура Македонија Новости Топ Вести

Божиновски: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ и Ковачевски

Граѓаните најмногу им веруваат на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кои имаат убедлива предност  во однос на владеачката  СДСМ и нејзиниот претседател, премиерот Димитар Ковачевски, покажува анкетата на ИПИС.

Кај политичарите граѓаните најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски, потоа во Али Ахмети, на трето место е премиерот Димитар Ковачевски.

На прашањето во кој политичар имаат доверба, за Христијан Мицкоски се определиле 13,5 отсто од анкетираните, за Али Ахмети 6,6 отсто, за Димитар Ковачевски 5 отсто. Од анкетираните на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски му веруваат 3,7%, на лидерот на Левица Димитар Апасиев 3%, на претседателот Стево Пендаровски 2,8 отсто, на поранешниот премиер Никола Груевски 2,3 отсто и на градоначалникот на Тетово и лидер на БЕСА Билал Касами 2,2 отсто. Со помала доверба од 2 отсто следат поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев со 1,5 отсто, лидерот на Алтернатива Африм Гаши со 1,3 отсто и поранешниот лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села со 1,1 отсто.

Дури 39,7 отсто од анкетираните одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, 12,1% отсто не знаеле да одговорат, а 3,4 проценти се изјасниле за друг политичар.

Доколку следната недела има избори, 20 отсто од гласачите би се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 12,9 отсто би го поддржале СДСМ, а 6,5 отсто гласот би го дале за ДУИ. За Левица би гласале 3,3, отсто, за Алијанса за Албанците 2,6 отсто, за БЕСА 2,3 отсто и за Алтернатива 1,4%.

За ниту една партија не би гласале 18,3 проценти од испитаниците, не сакале да кажат 14,6 отсто.  Одговор немале 14,7 отсто.

Телефонското истражување за сопствени потреби го спровел Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), чиј програмски директор е Владимир Божиновски, во периодот помеѓу 23 и 26 овој месец, а во истражувањето биле вклучени  1.112 граѓани.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *