Култура Македонија Новости

Македонската опера и балет со „Севилскиот берберин“гостува во Белград

Ансамблот на Националната опера и балет на Република Македонија на
1 април во сабота, со операта „Севилскиот берберин“ на Џоакино Росини“ гостува
во Белград. Операта ќе биде изведена на големата сцена на Народниот театар во
Белград, со почеток во 19:30 ч. под режисерската палка на Иван Еминовиќ, а во
режија на Урсула Хорнер.
Во оваа комична опера во два чина, работена според делото на Пјер Бомарше
„Трилогијата на Фигаро“, ќе настапат Васко Здравков, Биљана Јосифов, Благоја
Нацоски, Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Соња Пендовска Мадевска и
други.
Гостувањето ќе се реализира во рамките на платформата Театар Отворен
Балкан.
Станува збор за стратешка културна соработка помеѓу Народниот театар од
Белград, Националната опера и балет на Република Македонија,
Националната опера и балет од Тирана и Македонскиот народен театар во
областа на драмата, операта и балетот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *