Македонија Новости Топ Вести

Терминот 20 проценти нема да биде заменет со зборовите „албански јазик“ во Уставот

Терминот 20 проценти нема да биде заменет со зборовите „албански јазик“ во Уставот, изјави вицепремиерот и заменик-претседател на СДСМ, Фатмир Битиќи. Битиќи во емисијата „200“, на ТВ Алсат, истакна дека освен промената на Преамбулата со вклучување на Бугарите во Уставот, експертската работна група нема мандат да разговара и за други промени во највисокиот правен акт на државата. Тој е уверен дека парламентарното мнозинство ги има потребните 80 гласови за уставни промени.

-Работната група, која има мандат за уставни измени, соопшти дека нема мандат ниту за измени, ниту за дискусии за други уставни измени, освен за оние кои се однесуваат на европскиот пат. Мислам дека нема пратеник Албанец кој ќе гласа против евроинтеграциите. Секоја друга дискусија ја гледам како дел од дневнополитичката агенда од различни причини. Убедени сме дека и во македонскиот опозициски блок разумот ќе надвладее и ќе направат мнозинство за уставни измени, изјави Битиќи.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *