Македонија Новости Топ Вести

Откажано отворањето на бугарски клуб во Пустец, Албанија – нема дозвола за регистрација

 

Денешното отворање на бугарскиот клуб во Пустец Албанија сепак нема да се случи. Градоначалникот на Пустец Пали Колефски вели досега надлежните институции не издале никаква дозовола за отворање на клуб, а за најавата дознале од социјалните мрежи.

Oдложена е регистрацијата на бугарскиот клуб во Пустец, но заедно ќе го прославиме Денот на бугарската писменост, порачаа доцна синоќа од бугарската фондација Македонија преку социјалните мрежи.

„Поради одложена регистрација на Бугарскиот културен клуб утре го откажуваме свеченото отворање, но заедно во 13 часот ќе го прославиме 24 мај, денот на бугарската писменост.“ – ФБ статус Фондација Македонија.

По најавата за отворањето во јавноста имаше бурни реакции дека станува збор за провокација кон Македонија, бидејќи во Пустец живеат претежно македонци.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *