Култура Македонија Новости Топ Вести

Вечерва уникатна изложба на Трајче Чатмов во Скопје

Вечерва, академскиот сликар Трајче Чатмов ќе одржи изложба во ,,Бифе Тафталиџе” со почеток од 20 часот.

Иако Чатмов позади себе има безброј изложби во својата плодна, 25 годишна кариера, сепак ова е прва изложба од ваков вид. На неа ќе бидат изложени 40 до 50 дела… слики, цртежи и скици нацртани на хартија во комбинирана техника, а како што вели уметникот истите се работени во последнава година.

– Јас и Шоте ќе ја отвориме оваа мала (по формат), скромна (лажно скромна), но уверувам интересна изложба на мои слики, скици и цртежи, а ако не ви се допадне поставката….тогаш журката ќе ве расположи, истакна Чатмов.

Чатмов во својата долгогодишна кариера има учествувано во неколку групни изложби низ цела Македонија, како и надвор од границите на нашата земја, како дел од проектот „Мостови”, во Германија, Полска, Словенија, Србија, Јапонија, Бугарија и други.

Во својата богата кариера како сликар се има занимавано и со фотографија, анимирани филмови и документарни филмови, за што има добиено и неколку награди во доцните 90ти години од минатиот век.

Чатмов има дипломирано и магистрирано на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *