Македонија Новости Став Топ Вести

Ковачевски објави: СДСМ ќе оди со свој кандидат на претседателските избори


Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МИА, изјави дека партијата ќе оди со свој кандидат за претседател, кој ќе биде поддржан од голем број нивни коалициски партнери. 

Според Ковачевски, нивниот кандидат ќе дели европски вредности и нема да ги дели граѓаните на ниту по еден основ, додавајќи дека актуелниот претседател Стево Пендаровски во изминатите пет години одлично ја извршувал функцијата.

„Не би сакал во моментов да истакнувам ниту еден кандидат со оглед на тоа дека тоа е не ниту статутарно, не е ниту етички од моја страна. Меѓутоа, само ќе истакнам дека бидејќи најмногу прашања се вртат околу тоа дали претседателот Пендаровски ќе оди за втор мандат јас сметам дека тој одлично ја извршуваше својата функција во текот на изминатите пет години, ги застапуваше европските вредностите кои ги споделува нашата партија, вредностите коишто ги споделува и нашата коалиција, односно коалиционите партнери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Ковачевски

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *