Македонија Новости Топ Вести

Арсовска најави враќање на приватните превозници на улиците пред почетокот на јуни

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска синоќа најави дека приватните превозници ќе се вратат на скопските улици и ќе почнат да возат до крајот на месецов.

„Она кое го имавме како постапка, беше прекинато во два наврати. Имаа недостатоци во документацијата, сега им е целосна документацијата, и во рамки на законски, јавниот повик е исполнет, договорот се склучува неделава, и очекувам скоро дека ќе се реши. Од прилика осум дена од потпишувањето на договорот приватните автобуси ќе се вратат на улиците и очекувам тоа да биде кон крајот на овој месец. Мислам дека и пред почетокот на јуни ќе бидат исполнети условите“, рече Арсовска во емисијата „10 минути“.

Од друга страна, советникот во Град Скопје, Стефан Андоновски вчера соопшти дека Арсовска тајно ги платила долговите кон приватните превозници, но го држи градот во клинч бидејќи не сака да потпише нов договор. Тој рече дека ЈСП се обидува да покрие она што покривале и повеќе од стотина автобуси и оти градоначалничката рекла дека градот нема да биде блокиран, но, нагласи, граѓаните не можат да стигнат на своите работни места, со саати се чека на автобуските постојки, а автобусите се преполни.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *