Македонија Новости Топ Вести

Денес продолжува комисиската расправа за законските измени за изградбата на коридорите

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи расправата за предложените измени на законите поврзани со изградбата на коридорите, означени со европско знаменце, кои треба да се донесат по скратена постапка.

На денешното продолжение, членовите на собраниската Комисија за европски прашања треба да дискутираат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, сите по скратена постапка.

На дневен ред е и Предлог на законот за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *