Интервјуа Култура Новости Топ Вести

ИНТЕРВЈУ СО ТРАЈЧЕ ЧАТМОВ: ЛАЖНО СКРОМНА ИЗЛОЖБА ВО БИФЕ ТАФТАЛИЏЕ

На 19.05.2023г. 20.00 во Националната Установа ,,Бифе ТАФТАЛИЏЕ” , јас и Шоте ќе ја отвориме оваа мала (по формат) , скромна (лажно скромна) но уверувам интересна изложба на мои слики,скици и цртежи, пишува во својот FB статус, ликовниот уметник Трајче Чатмов

Трајче Чатмов е ликовен уметник роден 1971 година во Скопје. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во класа на професор Рубенс Корубин. Магистрира на истиот факултет под менторство на професор Родољуб Анастасов.

Processed with MOLDIV

Со циклусот ” Баханалии” го предвиде општествениот моментум, кој (оние што не ги разбраа пораките од сликарското платно) неподготвени ги дочекаа,сметаш ли дека твојата уметничка метаморфоза се случува во real time, сега и тука…пред очите на јавноста

Како што би рекол познатиот црногорски сликар Дадо ,,колку понесвесно ги сликаме сликите толку се подобри“ (парафразирано) така и јас најискрено несвесно или без многу размислување со цел нели да се биде актуелен или слично , сликам обично теми или свои размисли и визии кои во моментот ми предизвикуваат некаква дразба.

– Твојот сограѓанин Коста Рацин еднаш запиша ” Ќе слезам долу, во вените на својата крв..” Колку циклусот „Интимно понирање“ всушност реално беше понирање во својот крвоток и дали оттаму (повторно Рацин) успеа да го извлечеш шоследниот атом од својата болка…

Тој циклус настана во време на ,,новата реалност“ во време на корона изолациите , во време кога можев за прв пат во својот живот да го видам центарот на Скопје потполно празно среде бел ден , за прв пат да се почувствува болна тишина која за вистинско чудо ги параше ушите и  така изолиран почнуваш да се вртиш кон себеси и имаш ретка можност да доживееш катарза на самоспознанието. Искрено уживав во тој редок момет кој што траеше доволно долго да подготвам еден цел циклус на слики.

 – Скици, визури, мали формати…фрагменти и мозаични каменчиња од нешто големо што претстои или само реминисцентни парчиња.. делови од неповрзани немири кои сами по себе треба да создадат целина

Намерата беше таа да овие слики,скици и цртежи да прераснат во големи (по формат дела) така се почна, но реално излегоа многу покомплексни отколку што очекував, па сега не знам дали ќе биде воопшто возможно да се претворат во голем формат, но како и да е, сигурно ќе послужат како елементи за инспирација , а иднината ќе покаже што од нив ќе биде пренесено на голем формат . Иако секое дело се работи во моментот, во еден здив, потсвесно ,се надевам дека и овие се некаде складирани таму, во длабочината на мојот ум.

 – Уметникот во општествен момент во кој евидентно исчезнува се што дотогаш постоело наспроѕи крик со четка на платно…како манифест на личен отпор и дланка која во ужасна болка се превиткува, џури и ае крши во намерата да се остави што подлабока трага во ѕидот од праисториската пештера

Па да, сите слики во суштина се траговите на ,,Алтемира“ , сите слики се одраз на времето во кое се создадени , а ние уметниците од било кој вид треба да дадеме белег некој кој ќе остане , понатаму времето ќе суди за нив.

 – Секој уметник си ома своја Мона Лиза, јас си дозволив сликата „Беломорски егзодус“ да ја прогласам за врвот на овој циклус,. Седумдесет години по епската неправда кон Македонците, кај тебе се препознаваат драматични чувства исплакани со кист од кој сепак во траги блика надеж

Прво морам да напоменам дека не сум ,,Егеец“ , ова го напоменувам од причина што никако во овие мои педесетина и нешто години неможам да ја разберам оваа ,,деквалификација“ и со гнасење одбивам да ја коментирам. Да, таа слика мислам дека ќе биде ударна од овој циклус . Самата приказна за нејзиното создавање е специфицно , имено направена е на стара хартија на која сум експериментирал со некои матерјали и така останала едно десетина години ,расчистувајќи го ателјето, ја пронајдов и најпрвин поради колоритот помислив дека мижам да ја искористам ,но кога подобро почнав да ја набљудувам ја видов целата сцена која само ја исцртав и успеав да го фатам безмалку целит ужас на тоа премолчувано злодело.

 – Шоте и Бифе Тафталиџе бездруго се предводници и носители на урбаната култура која Скопје ја дише во моментов, дури и повеќе од институции платени за тоа …можам ли да забележам дека кога уметникот е подготвен – урбаниот галериски простор сам ги отвора вратите !

Изложба уметникот може да направи секаде, битно е да има само што да презентира , и секако уметникот задолжен е првенствено да создава и доколку го прави тоа галериите се секако отворени.

 – Постојан ли е стравот кај уметникот од последното, не завртувајќи се воопшто кон претходното (се мисли на творештво) – Твојата неконвенционална покана за настанот во сабота би била :

Не никако еднонасочно , уметникот мора да гледа и кон минатото и кон иднината . Да размислува и да црпи искуство од тоа што го поминал , не ретко и да се навратува , а секако и да гледа кон идните свои остварувања и тоа со постојано експериментирање , највеќе со своите размисли и така надградувајќи се.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *