Антовиќ од Дигестивна и Бојаџиева од Детска клиника, кандидати за декан на Медицински факултет
На 23 мај официјално ќе биде избран нов декан на Медицинскиот факултет во Скопје, откако веќе два мандати факултетот го предводи професор д-р. Соња Топузовска.
Според неофицијални информации на „Фокус“, досега кандидатури поднеле доцент д-р. Светозар Антовиќ, општ хирург на скопската Дигестивна клиника, како и професор д-р. Соња Бојаџиева, која доаѓа од Клиниката за детски болести.
Се уште не се знае дали ќе се зголеми бројот на кандидати кои ќе сакаат да седнат на Деканското столче, но засега ова се двата кандидати.
Мандатот на деканот на Медицински факултет трае четири години, а може да се кандидира само два мандати.
Деканот е раководен орган. Тој го застапува и го претставува Факултетот во земјата и во странство, во согласност со Статутот на Универзитетот.
Вршењето на должноста декан е неспоиво со вршењето на друга државна функција или функција во политичка партија.