Македонија Новости Топ Вести

СО 6.664 АМАНДМАНИ ЛЕВИЦА ГО СПРЕЧУВА НАЈГОЛЕМИОТ ГРАБЕЖ ВО ИСТОРИЈАТА

Левица, единствената вистинска опозиција во Собранието на Република Македонија, во обид го спречи криминалот тежок милијарда и четиристотини милиони евра, подготви 6.664 амандмани!

❗️Двајцата пратеници на Левица, заедно со Правниот сектор на партијата, иако со многу ограничени ресурси, работеа неуморно со денови во изработка на амандманите, со цел да се спречи корумпираниот и штетен договор за Коридорот 8.

❌️Остатокот од опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ иако со 44 пратеници и огромни ресурси, не понуди скоро ништо за да го спречи криминалот, освен празната реторика во јавноста и поднесе едвај 10 амандмани! За потсетување на јавноста, со предлог-законите предложени наменски за конзорциумот ,,Бехтел и Енка” се руши и така кревкиот правен поредок во Република Македонија.

⚠️Освен што ќе платиме најскап километар по автопат во историјата, оваа странска компанија ќе може легално да го третира македонскиот работник како роб – со работна недела од фрапантни 60 часа. Низата штетни закони, кои СДС и ДУИ сакаат да ги шверцуваат со европско знаме, предвидуваат експропријација на земјиште само со одлука на Влада, ослободување од даноци за странската компанија, како и пренамена на шумско земјиште без дозволи и одобренија!

👉Ако беше потребно и се отвореше расправа, нашите пратеници беа подготвени да говорат без престан со денови, само да се спречи овој невиден криминал од енормни размери. Власта, соочена со отпорот на Левица, ретерираше и предлог-законите вчера беа пуштени со фамозното европско знаменце, спротивно на Деловникот и европската регулатива.

‼️За овој скандалозен потег власта нема никаков правен основ и претставува кривично дело! Нешто што и самиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ јавно го призна. Почнувајќи од горенаведениот вицепремиер, за оваа постапка сите инволвирани ќе одговараат кривично и ќе завршат во затвор.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *