Култура Новости Топ Вести

Блинкен- Ковачевски: Силна поддршка од САД за преговорите со ЕУ

Борба против дезинформаци, енергетска безбедност и силна поддршка на САД за македонскиот пат кон членство во ЕУ, беа дел од теми за кои разговарале американскиот државен секретар Ентони Блинкен и македонскиот премиер Димитар Ковачевски при неговата работна посета на Вашинготон. На оваа средба беа присутни и заменик помошникот државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, како и Дерек Шоле, висок советник на американскиот Стејт департмент. кои неодамна беа во посета на земјава.

„Ние гледаме силен партнер во Северна Македонија, вреден сојузник во НАТО во време кога тоа е навистина потребно. Ние сме благодарни за солидарноста и лидерство во врска со Украина и помошта во одбрана против руската агресија. Ние силно го поддржуваме патот на Северна Македонија кон ЕУ“ изјави Блинкен.

Тој на дел од средбата во Стејт Департментот кој беше отворен најави дека со Ковачевски ќе разговара и за предизвиците.

„Имаме многу да разговараме денес, вклучително и тоа што го спомнав, но и како можеме да ги унапредиме работите како поголема енергетска безбедност за регионот, за Северна Македонија; работата што исто така треба да се направи за борба против дезинформациите и кои се повеќе од витално значење“, изјави Блинкен.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *