Македонија Новости Топ Вести

АКО МУ Е СТРАВ, НЕКА ДОЈДЕ СО АХМЕТИ Мицкоски бара дуел со Ковачевски

Најважно од се, е да излезете на избори, да се вклучите во политиката затоа што само така од внатре ќе ги менувате работите, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на годишната конференција на Унијата на жени.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчеравечер порача дека пред партијата е победа на следните претседателски и парламентарни избори, но оти е потребно самообединување, како и голем одѕив и масовна поддршка.

– Од нас ќе зависи колку таа ќе биде голема и силна, затоа што нас ни треба голема и силна победа за да не биде ВМРО-ДПМНЕ и Македонија предмет на уцени. Да може ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните да ја води просперитетна, силна, стабилна и економски развиена Македонија. Затоа ни е потребно обединување – рече Мицкоски вечерва во обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Најважно од се, додаде тој, е да излезете на избори, да се вклучите во политиката затоа што само така од внатре ќе ги менувате работите.

– Одѕивот мора да биде голем, а разликата да биде што поголема и јасна. Седењето дома и прифаќањето на тезата сите се исти или нека излезат другите јасно едека ќе се смени валсти. со што им го ублажувате поразот. Важно е да излезете на избори и одѕивот да биде голем за да ја испратиме ДУИ во опозиција, а политичките криминалци да одговараат, да го поразиме поголемиот брат од истата оваа коалиција која толку многу ја криминализира Македонија веќе 20 години по ред – рече Мицкоски.

Тој повторно го повика премиерот Димитар Ковачевски на тв дуел за Договорот со „Бехтел и Енка“, оценувајќи дека е чиста хипокризија ставањето европско знаменце на законите за изградбата на коридорите.

Според Мицкоски, Ковачевски бега од народот за избори и од соочување со него затоа што, како што рече, нема одговори за тоа дека како премиер доброволно прифати работниците од својата држава да работат повеќе часови за да се полнат џебовите на надзорот, се согласил легалните и дивите објекти подеднакво да се обештетуваат, законите од правниот систем по кој тој работи да се суспендираат, плаќа стотици милиони евра за аванси и пенали на приватна компанија која ја договори без тендер и во четири очи.

– Нека не се плаши од соочување, порано или подоцна ќе се случи тоа. Еве ќе му дадам уште една можност, уште една предност, на таа дебата нека го донесе и вистинскиот премиер Али Ахмети, и било кој министер кој смета дека му е потребен. Јас сам ќе дојдам, тој ако му е страв сам, нека дојде со цела влада. Но, важно е да дојде на дебата за да види народот кој што крие и кој е во право… – истакна Мицкоски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *