Македонија Новости Топ Вести

Груби: „Европска група“ во ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за устани измени

Артан Груби тврди дека власта веќе разговарала со дел од пратениците од опозицијата и дека меѓу нив има такви кои поддржуваат како што тој вели проевропски дук и напредок на државата.

Груби додава дека меѓу опозиционерите има такви кои не се согласуваат со актуелното раководство на ВМРО – ДПМНЕ и со оваа како што ја нарече Европска група смета дека ќе се добијат потребните гласови за неопходното мнозинство за отворање на Уставот.

Тој во синоќешното гостување на националниот сервис обвини дека опозицијата води политика само на инсталирање страв за одржување на статус кво и за привлекување на конзервативните гласови за поддршка која ќе ја злоупотребуваат за дневна политика со цел да ја задржат власта без притоа сами да решаваат прашања.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *