Новости

Зголемената априлска плата ќе легне на сметките на функционерите

Уставен суд го отклучи механизмот, Владата не понуди решение за ревидирање на покачувањето на функционерските плати. Покрај државниот врв, министрите, пратениците, судиите и обвинителките ќе се офајдат и градоначалниците и директорите и нивните заменици со 78 отсто повисока плата. Неизбраните и неименувани вработени во јавниот сектор остануваат со плитки џебови и продолжуваат со протести

Функционерите во исчекување на априлските плати повисоки за стотици евра кои неделава треба да им легнат на сметките. Реагираше јавноста но и експертите, синдикатите, претседателот Пендаровски па дури и Светска банка но намалување на коефициентите за пресметка на платите или системско решение нема. Владата најави законски измени како системско решение но тоа е долг процес а најчест одговор на оваа тема беше дека одлука на Уставниот суд мора да се почитува.

Уставниот суд на 23 март укина два члена члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите со што го отвори патот за зголемувањето на платите од 78 отсто. Како илустрација за само 8 дена од месец март, колку што беше на сила одлуката на Уставниот суд пратениците добија повисоки плати за 16 илјади денари.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *