Македонија Новости Топ Вести

„Главата горе – изјасни се дека си Македонец “ Друштвото „Илинден“ со акција пред пописот во Албанија

Според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци, но како такви се признати само над 5.000 во Мала Преспа

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана, пред престојниот попис на населението во Албанија, почна кампања под мотото „Главата горе – изјасни се дека си Македонец “.

Во повикот кој попладнево го објави, друштвото ги повикува сите Македонци во Албанија да се „изјаснат дека се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет“.

„Ги повикуваме Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и на целата територија на Република Албанија на пописот на населението во септември годинава без страв да се изјаснат дека се Македонци и дека мајчин јазик им е македонски. Така ќе го зачуваат својот македонски идентитет во Република Албанија“, стои во повикот.

Според претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, како дел од зацртаните активности за зачувување на македонскиот национален идентитет, друштвото ја почнува оваа медиумска кампања за „подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се“.

– Кампањата е под мотото „Горе главата – изјасни се дека си Македонец“. Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Нас не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани во областите Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови – изјави Ѓурѓај за МИА.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *