Култура Македонија Новости

Почнува проектот „Театар на платно“ на „АртАктУм“ во соработка со Кинотеката

Првата активност на новооснованата компанија „АртАктУм“ во рамките на проектот „Театар на платно“ ќе биде проекцијата на претставата „Кафе Мулер“ на легендарната танчарка и кореографка Пина Бауш. Претставата е снимена во 1985 година и во неа игра и самата Пина Бауш.

Настанот ќе биде реализиран во соработка со Кинотеката на Северна Македонија и ќе се одржи на 27 април, со почеток во 20 часот, во Кинотеката.

По проекцијата ќе следува дискусија во која ќе учествуваат Искра Шукарова, кореограф и професор на катедрата за балетска педагогија при ФМУ – УКИМ; Бранка Костиќ – Марковиќ, музиколог и уметнички раководител во НУ „Танец“; и Искра Гешоска, програмска уредничка на „Контрапункт“ и на КРИК – платформа за критичка култура. Целта на дискусијата е да ги разоткрие метафорите на претставата и да се споделат доживувања и размислувања заедно со публиката.

Компанијата „АртАктУм“ е основана од македонскиот режисер Иван Поповски и театарската продуцентка Татјана Дешко од Русија. Целта на основањето на „АртАктУм“ e во Македонија да донесе значајни, интересни и моќни претстави од различни видови на сценската уметност, кои ќе создадат нова почва за размислување и уживање за тие што веќе го сакаат театарот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *