Македонија Новости Топ Вести

Бугарите од Македонија со писмо до премиерот Ковачевски бараат да бидат вклучени во работната група за уставните измени

Бугарите од Македонија со писмо до премиерот Димитар Ковачевски предлагаат да бидат вклучат и нивни претставници во комисијата што треба да ги подготви уставните измени бидејќи како што велат се засегнати од овие промени.

Нивното барање доаѓа откако претходно Скопје го отфрли предлогот на службениот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, официјална Софија да биде дел од процесот на расправа, дефинирајќи го како мешање во внатрешните работи на државата.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *