Дарко Панчев и УТМС ја собраа на едно место балканската фудбалската елита
Во организација на УТМС -Скопје, вчеравечер во хотелот „Александар Палас“ , по повод прикажувањето на документарниот филм “Патот на Кобра до ѕвездите“, посветен на Дарко Панчев, се собра балканската фудбалска елита. Секако дека во преден план беше Дарко со своето семејство, а покрај другите тука беа и Васил Рингов, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Бошко Ѓуровски, Вујадин Станојковиќ, Кочо Димитровски, Ѓоре Јовановски, Мето Спасовски, потоа целото раководство на ФФМ на чело со Муамед Сејдини кој му го подари новиот дрес на нашата репрезентација на Панчев, секако и селекторот Благоја Милевски.
Како гости од земјите во окружување тука беа Дејан Савичевиќ, Драган Стојковиќ – Пикси, Стеван Стојановиќ, Слободан Маровиќ и уште многу,многу други познати лица.