Култура Македонија Новости Топ Вести

Ретроспективна изложба на Ангел Петров во Велес

Во Ликовниот салон во Велес утревечер во 19 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба на Ангел Петров. Под наслов „Бојата низ музика“ ќе бидат изложени 300 дела од неговиот творечки опус. Со изложбата ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на академскиот сликар и три години од неговата смрт.

Ангел Петров (1933 Велес – 2020 Велес) завршил средно уметничко училиште во Скопje во класта на професорите Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Вангел Коџоман и Борко Лазески. Образованието го продолжува во Белград во Академијата за применета уметност каде дипломирал во 1962 година во класата на професорот Винко Грдан. Реализирал 62 самостојни ликовни изложби од кои 30 во Македонија и 32 во странство, а учествувал на повеќе од 200 групни излагања. Член е на ДЛУМ од 1967год. Негови дела се наоѓаат во многу музеи, галерии, приватни колекционери во земјава и странство. Добитник е на многу награди.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *