Македонија Новости Топ Вести

Годишно собрание на Национална федерација на фармери

Националната федерација на фармери денеска ќе одржи редовна седница на Годишно собрание на НФФ, на која ќе се разгледаат активностите кои следуваат за тековната година и извештаите од претходната година.

На свечениот дел, како што најавија од НФФ, ќе се обратат претставници од Федерацијата и претставници од инститиции и организација кои во текот на изминатиот период соработувале со организацијата, вклучувајќи ја и претседателката на НФФ Васка Мојсовска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и регионалната директорка на We Effect Europe, Анели Леина.

На седницата ќе бидат доделени благодарници за соработка со Националната федерација на фармери и ќе се презентира краток видео запис за активностите и резултатите на НФФ. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *