Македонија Новости Топ Вести

Грчева: Со парите од „Бехтел и Енка“, ДУИ ќе си ги купи следните избори

„Избрани се најевтините патишта, а ќе се платат огромни суми“, вели поранешната пратеничка Солза Грчева за договорот со „Бехтел и Енка“, американско-турскиот конзорциум на кој Владата преку носење специјален закон му ја додели изградбата на автопатиштата на европските коридори коридори 8 и 10д во земјава.

„Овие не се кадарни да го направат тој пат. Па, тие не можат дупки да затворат, не пат ќе градат. Оваа владa ниту еден километар не изгради, а сега брзо на раменици ќе бутка ваков мега проект. Станува збор за минимални делиници од 108 км, додека целата траса на коридорите е 700 километри. Значи земени делнци кои се лесни за изградба и тие ќе ги изградат. А притоа не се штедат средства и се потплаќаат новинари од жолт печат за одбрана на проектот“, рече Грчева.

Таа спореди како јавноста во Косово го коментирала овој конзорциум. Во контекст на тоа коментираше зошто амбасадорката на САД присуствува на настаните поврзани со проектот.

-Спорно е што американската дипломатија се меша во бизнисот. Во Косово американскиот амбасадор толку лобирал, што го исмеваат во стрип наречен Пимпсонс наместо Симпсонс, од пимп, на англиски или проводаџија. Истиот тој амбасадор завршува како претставник на Бехтел во Мозамбик – рече Грчева.

Според неа назначувањето на Груби за координатор на проектот е „поигрување со јавноста“.

-ДУИ ќе се наполни со пари и следните избори нема да ме чуди ако си ги купат изборите – рече Грчева.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *