„Бел штрајк“ во фирмите каде расте минималната плата, но стагнираат платите на останатите вработени
„Бел штрајк“ се појавува во фирмите и институциите каде што расте минималната плата, но стагнираат платите на останатите вработени.Овие работници работат, но не го даваат својот максимум.
Економскиот експерт, Глигор Ивановски ваквата состојба креира многу сложени проблеми и се почеста, бидејќи се случуваат апсурдни примери во кои најниската плата во една фирма со покачувањето на минималната плата ја надминува пример плата на благајникот.
Забележува дека постојано расте и износот на потрошувачката кошница, анализите покажуваат дека граѓаните најголем дел од платите ги трошат на храна.
Според Ивановски со ваквите примања и цени не може нешто важно да се промени во државата.
Во земјите се поразвиени економии трошоците за исхрана се помалку од 30% од вкупните примања.
Од реалниот сектор посочуваат дека со растот на минималната плата приморани се да ја зголемат платата и на останатите работници.