Македонија Новости Топ Вести

Германската ВТЕ ќе ја гради пречистителна станица во Скопје

ВТЕ од Есен е германската компанија која го добила тендерот за изградба на пречистителната станица за Скопје во вредност од 200 милиони евра.

Јавноста дозна дека е потпишан договорот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје за проектот вреден 200 милиони евра, од кои 136 милиони евра се кредит од Европската инвестициска банка, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија, но не беше познато името на фирмата изведувач.

Недостапни за јавноста беше и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во чие седиште е депониран договорот потпишан во тајност пред два дена.

Покрај германската ВТЕ, како подизведувач пречистителната станица ќе ја гради и струмички Жикол. Изградбата на станицата ќе биде кај Трубарево. ВТА дала многу е многу поквалитетна понуда со подобра банкарска гаранција од турскиот конкурент. Компанијата има филијали во Полска и Литванија, а во регионот како познат реализиран проект ја има пречистителната станица во Будва изградена во 2014.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *