Македонија Новости Топ Вести

Пендаровски: Има спорни одредби во законите за коридорите 8 и 10д

– Претседателот Стево Пендаровски ќе чека да ги види финалните верзии на предложените измени на осумте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д пред да одлучи дали ќе ги потпише нивните укази. Според него, во сегашните верзии на законите, коишто се во собраниска процедура, има спорни одредби.

-Додека не ја видам конечната верзија на законите не можам да размислувам за вето. Морам да ви кажам дека последниве денови имав прилика да видам дел од тие предлози на закони, беа девет, едниот го повлекоа. Овие осум, дел од нив во некои одредби се спорни, изјави претседателот на државата за централниот дневник на телевизија „Сител“.

Според Пендаровски, најспорно е барањето во измените на Законот за работни односи за шеесетчасовна работна недела.

-Ова е најспорно и мене ме зачудува зошто таква одредба е ставена. Може нема да издржи до крај, меѓутоа видовме вчера и затоа немаме потврда дали договорот меѓу Владата и „Бехтел и Енка“ е навистина потпишан со тие клаузули „ако не се овозможи шеесетчасовна недела во тој и тој рок“ дека ќе има пенали кои се милионски во евра. Ме чуди затоа што Уставниот суд има донесено одлука пред неколку месеци во која вели дека „работна недела подолга од 40“, по исклучоци може само осум часа да работиш, е неуставна. И сега тоа да го ставиш повторно во закон за кој знаеш дека е сигурно неуставен односно одредбата е неуставна и за тоа ако не го исполниш да платиш педесетина милиони евра, тоа е прилично неодговорно, вели претседателот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *