Македонија Новости Топ Вести

Феноменот Груевски! Иако со години отсутен, пак попопуларен од Мицкоски меѓу македонците


И во најновата анкета на ИРИ направена во мај оваа година, а објавена денеска (спроведена од „Брима“), поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, има повеќе поддршка од актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски.

Во анкетата на ИРИ од октомври оваа година изненадувачки на врвот на листата на луѓето на кои се гледа најповолно се најде Груевски. На прашањето во кое се наведени имињата на политичари и се бара од испитаникот да ги оцени поволно или донекаде поволно (или неповолно), Груевски има позитивен скор од 30 поени, додека Мицкоски има 29 поени.

Прв на листата е претседателот Стево Пендаровски со 38 поени, додека премиерот Димитар Ковачевски има скор од 25 поени. По него е лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со 24.

Речиси истите резултати беа и на анкетата на ИРИ во октомври минатата година.

На прашањето за која партија би гласале ако изборите се следната недела, разликата меѓу двете најголеми партии е иста како и во октомври: за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19 отсто, а за СДСМ – 11, додека ДУИ ја зголеми поддршката од 7 на 8 отсто.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *