Култура Македонија Новости

Документарната театарска претстава „Чекална“ на 12 април во Младинскиот културен центар

Во среда на 12 април, со почеток во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одигра документарната театарска претстава „Чекална“.

Претставата се заснова на доживувања и животни сведоштва на луѓе со различна психосоцијална и културолошка позадина, со цел да се истражат начините на кои непрестајната општествена транзиција во Македонија се одразува врз личното секојдневие на луѓето во изминативе 3 децении.

Во претставата играат: Дарко Ристовски, Наталија Ристеска, Никола Ристески, Стефанија Митовска, Марија Димитрова и Томислав Давидовски.

Режијата на претставата е на Кристина Димитрова, драматизација е на Ева Камчевска, продуцент е Дино Чупевски, сценограф Мартин Манев, дизајнер на светло Игор Митревски, композитор Томе Темелкоски, а графичка дизајнерка е Ива Јованова.

Претставата премиерно се изведе изминатата година во август, а претстојната изведба е закажана за 12 април во МКЦ.

Картите за претставата „Чекална“ се достапни на билетарата на МКЦ по цена од 300 денари.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *