Македонија Новости Топ Вести

По Ванчо и Борис замина од Македонија

 

Бугарскиот културен центар и здружение „Цар Борис Трети“ од Охрид е избришан од Централниот регистар на Македонија, по одлуката на Министерството за правда и добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на историски личности.

Истата постапка по Законот за здруженија и фондации претходно беше спроведена и во однос на здружението „Иван Михајлов“ во Битола.

Ова е резултат на промената на Законот за здруженија и фондации, изгласана едногласно во Собранието, со која ретроактивно се забрани создавање на организации кои со своето име, програма, цели и активности поттикнуваат и повикуваат на агресија, поттикнување национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, истребување, ширење и помагање, поттикнување и одобрување на фашизмот, нацизмот, националсоцијализмот и Третиот рајх врз граѓаните на земјава.

Здруженијата имаа три месеци да ги променат имињата, но не го сторија тоа. Бугарија најави дека поради бришењето на овие здруженија од Регистарот, што таа го толкува како нивна „забрана“, ќе се жали до органи и тела на Европската Унија.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *