Култура

Mакедонија добива Национален оркестар за џез музика, се оствари иницијативата на ЗЏМ

22/03/2023

На вчерашната седница на Владата се донесе одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во Република Северна Македонија“ – Скопје.

Националниот оркестар ќе делува преку подготвување и јавно изведување на високо квалитетни музички дела од областа на џезот и сите сродни жанрови кои гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на дваесет и првиот век.

Од Министерството за култура известуваат дека Националната установа просторно ќе се смести во објектот на НУ Национална Филхармонија, а по потреба ќе го користи и музичко-сценскиот простор на НУ Национална опера и балет.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *