Македонија Новости Став Топ Вести

Грчкиот дипломат Михалис Рокас доаѓа во Скопје


Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, одлучи да назначи неколку нови амбасадори или специјални претставници на ЕУ во Западен Балкан, соопшти Радио Слободна Европа (РСЕ).

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според списокот, кој генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) Стефано Санино го испрати до земјите членки на Унијата, нов амбасадор на ЕУ во Северна Македонија ќе биде грчкиот дипломат Михалис Рокас, поранешен амбасадор на Унијата во Мексико.

На списокот на именувани амбасадори и специјални претставници, до кои пристап имаше РСЕ, го нема името на наследникот на специјалниот претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за кој неодамна имаше информација дека ќе стане амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Името на новиот специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина нема да се знае пред формирањето на новата Европска комисија по јунските избори за Европскиот парламент. Таа одлука ќе ја донесе ЕЕАС во соработка со земјите членки, најверојатно не пред крајот на летото.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *