Македонија Новости Став Топ Вести

Претседателска мастер дебата до 10 април

Дебатата треба да биде организирана на „неутрален терен“ со „неутрални модератори“. Не е јасно кој ќе биде одговорен за реализација на преносот


Изборните штабови на шестмината претседателски кандидати одговориле позитивно на иницијативата на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, да се одржи мастер дебата на која сите претенденти за шеф на државата ќе имаат можност да ја претстават својата програма и својот концепт за тоа како ќе ја водат државата доколку победат, брифираат од изборниот штаб на Пендаровски.

Дел од кандидатите имале свои услови, од дебатата да се изземат некои од нивните ривали, пред се Стевчо Јакимовски бидејќи е на „црната листа“ на САД и Билјана Ванковска поради нејзините наративи, но од штабот на Пендаровски велат дека тоа не е можно.

„Државната изборна комисија потврди дека има седум кандидати за претседател на државата и за нас не постојат спорни кандидати. Го почитуваме гласачкото тело на сите кандидати и кога некој претендира да стане претседател на државата треба да го има предвид фактот дека тој е претседател на сите граѓани. Нашата идеја е дебатата да се одржи со сите седум кандидати и добро е што имаме позитивен одговор од сите штабови. Не можеме да кажеме финално дека ќе има дебата бидејќи во следниот период штабовите ќе треба да ги договорат техничките аспекти. Организацијата и трошоците за мастер дебатата ќе бидат заеднички“, посочија од изборниот штаб на Пендаровски на денешниот брифинг со новинарите.

Оттаму додаваат дека најверојатно ќе има само една мастер дебата, бидејќи времето не дозволува да се одржат две и таа би се реализирала на почетокот од кампањата, односно, планот е таа да се одржи до 10 април.

Мастер дебатата ќе биде на неутрален терен, со неутрални модератори. Дебатата ќе биде организирана од страна на изборните штабови, а дополнително ќе се оствари средба со медумите, за да се изнајде решение за начинот на кој ќе се реализира оваа идеја. Секоја партија ќе има можност да донесе своја публика, а сите медиуми ќе можат да вршат пренос во живо. Каде ќе биде тој „неутрален терен“ и кои ќе бидат тие „неутрални модератори“ засега не е јасно. Ниту, пак, кој ќе биде одговорен за реализацијата на преносот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *