Македонија Новости Став Топ Вести

ЗНАМ: Праведен систем, силна економија и поддршка за младите


Повисоки плати, праведен систем, силна економија, поддршка за младите, вложување во здравствениот сектор и земјоделството се дел од заложбите на политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, која на Конвенцијата што се одржа денеска во Скопје ги претстави носителите на листите за следните парламентарни избори и го промовираше кандидатот за претседател на државата, Максим Димитриевски.

Димитриевски истакна дека заложбата на ЗНАМ е сите што живеат во Македонија да произведат доволно храна и енергија за, како што рече, „да бидеме свои на своето“.

-Да бидеме свои на своето, да бидеме независни во одлуките и новите генерации да ги носиме сами, а не под туторство и диктат, рече тој.

Дополни дека во Македонија е потребен баланс во општеството и политиката и од голема важност за нормалното функционирање на државата, според него, има дефиницијата на соживот, со што, како што нагласи, Македонија мора да  гради реално мултиетничко општество.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *