Македонија Новости Став Топ Вести

Mицкоски со честитка за Денот на албанската азбука

На сите наши сограѓани Албанци им го честитаме 22 Ноември, Денот на aлбанската азбука, пишува во својата честитка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Денес пред 115 години во Битола, која тогаш била седиште на Битолскиот вилает на Отоманската Империjа кој опфаќал во себе територии од денешна источна Албанија за првпат е унифициран албанскиот јазик на основа на неговиот Елбасански дијалект, тоа го направиле писатели, учени дејци на кои Албанците и денес се горди.

Во тие важни моменти за нивното постоење Македонија и македонскиот народ како нивни соседи и сограѓани секогаш сме биле нивни пријатели, и тоа пријателство трае до ден денес, пишува меѓудругото во честитката претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *