Култура Македонија Новости Став Топ Вести

КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА: НЕ СЕ СКРАТЕНИ ПАРИ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

  

„Не се скратени пари од Агенцијата за филм, тоа е голема манипулација која неколку пати ја истакнав. Немаше никакво кратење во буџетот што е јасно видливо од документите“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во Дненивкот на МТВ.

Таа додаде потребна е поголема поддршка за филмаџиите, што може да се постигне само со искрен дијалог, согледување на вистинските потреби и преку реален и свесен дијалог меѓу политичарите и уметниците.

„На последниот конкурс имаше само еден филм кој преку Агенцијата за филм доби буџетски средства. Она што го слушнавме е дека управниот, надзорниот одбор и комисијата одлучиле дека тој е единствен квалитетн филм што треба да биде финансиран од агенцијата. Минатата година се обидовме да ја поттикнеме свеста за потребата од македонски дела, да се свртиме кон творење на македонски јазик и се надевам дека тоа ќе го направи и Агенцијата за филм“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката рече дека се надева оти Агенцијата за филм ќе ги препознае квалитетните македонски проекти и ќе ги финансира со средствата кои ги добиваат од парите на граѓаните.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *