„Jа донесовме промената кај Албанците по 22 години криминал и изнуда“, АА на Таравари усвои нова политичка декларација
Со усвојување Декларација за политичко дејствување, Алијансата за Албанците (АА) на претседателот Арбен Таравари вечерва во Тетово го заврши петтиот вонреден конгрес. Како што изјави Таравари, Декларацијата е надоградување на постојната од 2022 година и ќе биде политички патоказ до 2026 година.
Според Таравари, промените се потребни зашто сега партијата е дел од власта.
На конгресот едногласно е избрано и централното собрание на партијата.
-По изборот на женскиот форум на партијата сега и со конгресот и со дефинирањето на централното собрание, веќе можам да кажам дека АА е комплетно реорганизирана и комплетирана како една од појаките албански партии. Ни преостанува следниот период се надевам за две до три недели централното собрание да го избере избере и централното претседателство на партијата и потоа продолжуваме со средби со граѓани, каде што нашите функционери со со мене, треба да дадеме отчет за тоа што сработивме во првите 100 дена и првите 6 месеци од нашето владеење, истакна Таравари по завршувањето на конгресот.
Декларацијата содржи 12 точки, а во нив се вели дека како партија во Владата, АА ќе промовира западни модели на владеење со нулта толеранција за корупција и насилен екстремизам.
-Централните фигури во партијата треба да бидат луѓето кои што секојднево прават политичка битка со другите граѓани каде што им објаснуваат за нашата кауза. Тоа се претседателите на ограноците, нашето членство, ние сме отворени. После 8 мај да не кажам со стотици наши поранешни сопартијци кои за жал за време на изборите беа од другата страна сега се приклучуваат кон нас. Нашите врати се отворени и секогаш се добредојдени сите по еден, освен неколку кои што мислам дека и нема да си помогнат себеси да дојдат и да се приклучат тсаму каде што е огромното мнозинство на членство, рече Таравари.






