Македонија Новости Став Топ Вести

Николоски: Нови дестинации од скопскиот и од охридскиот аеродром

Развојот на авиосоообраќајот и отворање на нови дестинации за македонските граѓани е еден од приоритетите за работа во следниот период на Владата. За таа цел формирана е работна група која ќе работи на привлекување на нови дестинации и веќе од следната година се очекува да се обезбедат нови линии за граѓаните кои во овој момент не се опериратат од двата аеродорми, истакна во своето видео обраќање заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Нашата цел е веќе следната година да има нови дестинации, коишто во моментов не ги оперираат скопскиот и охридскиот аеродром, како би добиле многу повеќе туристи, но и многу повеќе посетители во Македонија, а и македонските граѓани полесно и поевтино да патуваат надвор. Ќе разговараме со неколку светски копании кои нудат брзи и евтини летови и убеден сум дека следната година ќе имаме многу повеќе дестинации. Министерството за транспорт и Владата ќе ја дадат целата поддршка, сите потребни субвенции, како би имале повеќе летови, повеќе туристи и повеќе задоволни патници, а и секако граѓаните на Македонија да можат поевтино да патуваат – вели Николоски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *