Македонија Новости Став Топ Вести

Мицкоски е подготвен да оди до крај за уставните измени, па макар му било последно


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието го подигна за уште еден степен погоре неговиот тврд став против уставните измени и внесувањето на Бугарите во конституцијата за да продолжат преговорите со ЕУ, истовремено повторувајќи ја стандардната теза: „Додека сум јас премиер…“

Одговарајќи на прашање на пратеникот од „Европскиот фронт“, Скендер Реџепи за патот кон ЕУ Мицкоски рече дека е подготвен „да оди до крај, па макар ми било тоа последно“ во одбивањето да се извршат уставните измени сѐ додека не се остварат познатите две барања на неговата влада: на Македонците во Бугарија да им се овозможи остварување на нивните права без менување на бугарскиот устав и преку регистрацијата на ОМО „Илинден“ – Пирин, и Европскиот совет да донесе заклучок со кој ќе биде потврдено дека нема да има натамошно вета или условувања во врска со јазикот и идентитетот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *