Иван Куковски е новиот координатор на РЕК „Битола“, додека Владимир Пејоски е координатор во РЕК„ Осломеј“. Ова подразбира дека во двата комбинати е воведена времена управа.
„Во насока на динамизирање на инвестициските планови и интензивирање на активностите за обезбедување стабилно производство на електрична енергија во зимскиот период, Управниот одбор на АД ЕСМ донесе одлука за времено именување на координатори во двата клучни енергетски капацитети во државата. За координатори со целосни овластувања за раководење со комбинатите се именувани Иван Куковски во РЕК ‘Битола’ и Владимир Пејоски во РЕК ‘Осломеј’“, потврдија од прес-службата на ЕСМ






