Македонија Новости Став Топ Вести

Судијката Груевска на судењето за „Пулс“: Ќе има правда!!

„Не можам да ветам брзина. Може да се направи грешка. Колку ќе трае судењето никој не знае, апелирам на трпение и дисциплина. Ќе дојдеме до правдата!“

Со мало задоцнување и во преполна сала, почна судењето за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а повредени се повеќе од 200 лица. 

„Знам дека барем името ми го знаете тоа се врти со месеци”, вака го почна судењето судијката Диана Груевска по што се престави и ги кажа правилата на судењето.

Побара дисциплина за време на рочиштето, а странките имаат право на една опомена додека на втората ќе бидат отстранети, кажа судијката.

„Ќе имаме респект кон тагата и болката на роднините на жртвите сите ќе имаат право да си ја кажат својата верзија на случајот и да предложат докази. Ќе бидеме транспарентни“, вети Груевска. „Не можам да ветам брзина. Може да се направи грешка. Колку ќе трае судењето никој не знае, апелирам на трпение и дисциплина“, рече судијката. „Ќе дојдеме до правдата“, вети таа пред полната судница.

Таа вети и транспарентност, а случајот ќе го следат голем број новинари. 

Додаде дека ќе се почитува тагата и болката на семејствата на загинатите и повредените, но судот ќе постапува професионално и ќе овозможи секоја од странките да ја изнесе својата теорија и да даде докази.

„Со секоја почит кон болката и тагата на родителите и роднините ќе имаме респект за тоа, но ние сме професионалци и ќе дадеме можност на сите да си ја кажат својата теорија и да понудат докази”, рече судијката.

Таа упати апел до семејствата, ако можат, да се организираат и по еден да присуствува на рочиштата за да се овозможат услови за работа.

Нејзин заменик, односно втор судија ќе биде нејзиниот колега Ахмед Идризи и четворица поротници, од кои еден резервен за да нема застој во постапката.

За секое непотребно одлагање, како што кажа, ќе следува санкција, а во таа насока сите лекарски уверенија за отсуство ќе бидат строго проверувани.

Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Покрај обвинетите, присутни се и роднини на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март, претставници на обвинителството, на одбраната, новинари.

На денешниот почеток на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани присуствуваат бројни домашни и странски медиуми, како и претставници на дипломатски мисии, набљудувачи од ОБСЕ, САД и ЕУ. Рочиштата се одржуваат во КПУ „Идризово“, со засилени безбедносни мерки и присуство на медицински тим.

Трагедијата се случи на 16 март годинава, кога загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 лица беа повредени. Обвинителниот акт беше поднесен на 13 јуни, а Кривичниот суд го одобри на 3 октомври. Во случајот се опфатени 38 обвинети – 35 физички и три правни лица – кои се товарат за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството е застапувано од тим од 15 јавни обвинители. Предвидено е рочиштата да се одржуваат со темпо од две неделно.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *