Македонија Новости Став Топ Вести

Муцунски во Белфаст се сретна со министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Ивет Купер

Во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, разговаравме за политичките односи меѓу двете земји, стратешката соработка и идните билатерални активности, напиша Муцунски.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вечерва на Фејсбук објави дека во пресрет на состанокот на шефовите на дипломатиие во рамки на Берлинскиот процес во Белфаст имал средба со министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Ивет Купер.

-Во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, разговаравме за политичките односи меѓу двете земји, стратешката соработка и идните билатерални активности, напиша Муцунски.

Министерот додаде дека разговарале и за регионалната стабилност, европската безбедност и интеграцијата на регионот во Европската Унија.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *