„Марш за ангелите“ во Кочани: Имавме трошка надеж за правда, но со поднесениот обвинителен акт целосно ја изгубивме
Родителите и блиските на жртвите во пожарот во кочанската дискотека Пулс излегоа на улица, на 25. по ред „Марш за ангелите“, барајќи правда за своите трагично загинати најблиски. Овој протест е прв откако Кривичниот суд во целост го прифати обвинението за пожарот во кочанската дискотека.
Од протестот беа упатени силни пораки до Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, но и до највисоките функционери во државата.
„Прашуваме што ќе биде со тие лица, дали правадата важи само за оние кои немаат пари и врски и дали ние треба да платиме за да ни се вратат нашите деца и која е цената на нашите деца. Ова е навреда за правдата и за целиот правен систем“, се вели во порака.
Учесниците на протестот порачаа и дека должност на Јавниот обвинител е да обезбеди еднаков третпман пред законот, а не да создава систем во кој богатите и влијателните се неприкосновени.
„Свесни сме дека постојат уште докази против дуги лица кои намерно не ги изнесувате со што не само што ја нарушувате правдата туку и стиорувате кривично дело“, му поирачаа тие на обвинтелот Коцевски, посочувајќи дека се сомневаат дека неговата постапка е резултат на силен политички или друг вид протисок од лица кои стојат зад овој случај.
„Но, колку и да се обидувате да ги сокриете, вистината ќе излезе на виделина“, порачаа тие.
Од „Марш на ангелите“ беше побарано целосно презентирање на сите докази, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт, проширување на обвининеието и кон другите вмешани лица, итно преиспитување на решението за домашен протитвор и обезбедување еднаков третман за сите осомничени.






